Зоран Даноски беше стрелец за Радник Сурдулица на стартот од сезоната во Супер Лигата на Србија. Со тој гол неговиот тим поведе со 1:0 во 16.минута на гостувањето кај Младост Лучани, сепак тоа не беше доволно ниту за реми, зошто домашните израмнија во 71. минута од пенал, а во 89. минута постигнаа победнички гол.

Македонскиот напаѓач беше на терен се до 75. минута кога беше заменет. Бобан Георгиев, новото засилување на Радник не беше ниту на клупата. Алекса Амановиќ, екс младинскиот репрезентативец на Македонија, со својот тим Јавор исто така загуби на гостувањето кај Ц. Звезда со 2:0.