Ливерпул, првакот на Европа и вицешампион на Англија ги претстави резервните дресови за новата сезона. Се работи за третата гарнитура на дресови кои се во црна боја, додека логото на производителот и логото на клубот се во тиркизна боја. Инспирација за дезенот е црпен од самиот град Ливерпул, а ова е сосема поинакво нешто од претходната сезона кога третиот дрес им беше во бела боја со сиви елементи.
„Црвените“ од Енфилд за првпат ќе ги носат овие дресови на мечот против Севиља во Бостон во сабота.