Фенербахче е заинтересиран за Илија Несторовски, но турскиот клуб задоцни, затоа што денеска или утре Нестор ќе биде промовиран како нов играч на Удинезе.

Сите формалности се договорени, договорена и бројката на дресот која ќе носи, и тоа значи дека Фенер задоцни со реакцијата да го донесе македонскиот интернационалец на Босфорот.

Од друга страна, пак, Елмас денеска треба да пристигне во Италија на лекарски прегледи и на потпис со Наполи. Двете страни се веќе договорени.