Пол Погба е една од оние ѕвезди кои се во центарот на вниманието во летниот преоден рок. Францускиот фудбалер не е среќен на „Олд Трафорд“, прашање само време кога ќе замине.

Веќе не е тајна дека Реал Мадрид е тимот каде најверојатно ќе ја продолжи својата кариера, тој е голема желба на Зинедин Зидан.

Тренерот на шпанскиот тим денеска истакна дека Реал има плзан за Погба, кој до крајот на летото ќе дојде на „Сантијаго Бернабеу“.

„Знаеме дека до 31 август можат да се случат големи промени, секако заминување и нови имиња, нема да навлегувам во детали. Што се однесува до погба, имаме план за него, ќе видиме што ќе се случи. Во моментов сме фокусирани кон мечот со Баерн“, рече Зидан.

Покрај Реал за Погба заинтересиран е неговиот некогашен тим, Јувентус. Дури и Маурицио Сари, новиот тренер на „Старата дама“ неодамна изјави дека Погба е одличен играч.