Одлуката на Манчестер Јунајтед да ја одбие првата официјална понуда на Интер за Ромелу Лукаку од 60.000.000 евра не ги обесхрабри првите луѓе на клубот. Од таборот на италијанскиот тим подготвија нова понуда која овој пат треба да биде доволна.

На „Олд Трафорд“ не сакаат да зборуваат за сума која е помала од онаа што ја издвоија пред две години за Лукаку, поточно 85 милиони евра. Но, Интер не е подготвен одеднаш да ја искешира целата сума, па на првичната понуда додаде сума за бонуси во вредност од 15 до 20 милиони евра.

Во случај бонусите да бидат 20 милиони евра, Јунајтед би требало да попушти и да ги преболи оние дополнителни пет милиони евра.

Инаку двата тима денеска ги одмерија силите, победник беше англискиот тим славеше со 1-0.