Еден од бројните Американци со македонски пасош, Џордан Теодор најверојатно ќе се врати во Турција, овој пат во тимот на Бешикташ. Според тамошните медиуми тој е во преговари со челниците на клубот, и речиси сигурно својата кариера ќе продолжи во овој тим.

Теодор минатата сезона ја почна како член на Олимпија Милано, по што замина во АЕК. По завршувањето на регуларниот дел беше незадоволен, јавно откри дека грчкиот тим не ги подмирувал редовно долговите кон кошаркарите.

Во Турција настапуваше во сезоната 2016/2017, по која и дојде во Македонија и доби наш пасош, но не се прослави, беше дел од оние претквалификации за СП.