По три дена одмор селекторот Данило Брестовац денеска во Маврово повторно ја собира машката кадетска репрезентација на Македонија за финалната мундијалска глазура, пред стартот на СП во август во Скопје.

Брестовац во следните десет дена ќе смета на 20 репрезентативци од поширокиот список, откако претходно им се заблагодари на тројца и ги прати во резерви, а по Маврово ќе донесе конечната одлука за тоа на кои 16 момци ќе го понесат товарот на СП.

Македонија пред мундијалскиот настап ќе одигра само една контрола против Чиле, на 2 август, во Скопје, додека на 6 август го пречекува првиот ривал од групната фаза, Аргентина.