Дуелот меѓу Фиорентина и Арсенал ќе биде добра шанса за двајцата тренери да покажат колку нивните екипи напредувале во досегашниот дел од подготовките за новата сезона.

И Винченцо Монтела и Унај Емери одлучија поголемо внимание да посветат на младите играчи, иако со оглед на тоа дека се подготовки, треба да очекуваме мешани состави.

„Виола“ на стартот на Интернационалниот куп на шампионите ја совлада Гвадалахара со 2:1, а Монтела им даде шанса на голем број на нови играчи, а добар впечаток остави новиот бек Алекса Терзиќ.

МЕЃУНАРОДЕН КУП НА ШАМПИОНИ

АРСЕНАЛ – ФИОРЕНТИНА
Сабота 23.55 (Шарлот)
Шифра: 8504

ПРЕДЛОЗИ
ТГГ ГГ     1,60
КТ 1          1,85
*квотите подлежат на промени

Арсенал овие денови повеќе беше посветен на трансфер пазарот, затоа што се очекува клубот да се засили со неколку сериозни играчи. Емери ќе го искористи овој меч за да добие точен пресек на состојбата во екипата и да добие јасна слика на кого може да смета во претстојната сезона полна со предизвици.

А шпанскиот тренер нема да смета на Алекс Ивоби кој имаше обврски со Нигерија на Африканскиот куп на нациите па доби повеќе време за одмор, но во тимот се врати Пјер Емерик Обамејанг. Фиорентина не би требала да има проблеми во тимот, со исклучок на Жордан Верету кој доби дозвола да оди и да го комплетира трансферот во Рома.

Арсенал е фаворит на мечот, посебно ако во нападот бидат и Лаказет и Обамејанг, а можеби е најдобро да пробате со ГГ, бидејќи и „Виола“ игра отворено и офанзивно на овие подготовки.