Над 200 лица се уапсени синоќа во немирите низ Франција по победата над Алжир во Купот на Нациите на Африка. Неколку илјади навивачи се собраа во центарот на Париз пред Триумфалната порта да ја прослават победата.

Областа околу улицата Шанзелизе беше обезбедувана од преку 2.500 полицајци. Меѓутоа ноќеска на полноќ навивачките групи почнале да фрлаат пиротехника, по што реагирала полицијата со солзавец.

Само во Париз уапсени биле 102 лица, од нив 86 веднаш завршиле во притвор, а низ цела Франција бројката е многу поголема.

Во Марсеј на улиците излегле 25.000 навивачи на Алжир.