Атлетико (М) стигна до победа на пријателскиот меч со Нумансија одигран попладнево со високи 3:0, но мечот остана во сенка на повредата на 19-годишната супер-ѕвезда на португалскиот фудбал, Жоао Феликс.

Младиотфудбалер за кого Атлетико плати 126 милиони евра се повреди по само 26 минути во првиот настап за новиот тим и мораше да ја напушти средбата.

Интересно, уште двајца од новите имиња во екипата денеска погодија. Најпрво Србинот Шапоњиќ погоди за 2:0, а потоа и новиот дефанзивец Аугусто Фелипе постигна гол за конечни 3:0.