Драган Лабовиќ, екс кошаркар на екипата на Карпош Соколи, во четвртокот е приведен во еден базен во Белград, поради тоа што во алкохолизирана состојба, правел нереди, пренесуваат српските медиуми.

Лабовиќ после неколку испиени пива, почнал да навредува лица во базенот, при што лицето кон кое се пуштило Лабовиќ, повикал полиција. Тој му се заканувал дека ќе му ја запали куќата.

Лабовиќ минал во полиција повеќе од 12 часа. Против кошаркарот е поднесена прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

Инаку ова не е прв инцидент поврзан со овој кошаркар. Пред некој месец беше обвинет дека во локал во Белград каде Лабовиќ претепал лице, кое завршило со повреди во болница.

Лабовиќ играше во Карпош Соколи во сезоната 2016/2017.