Енис Барди е на „мета“ на Еспањол. Тоа беше јасно, и тимот сака со 10 милиони да го привлече играчот, а Леванте бара 5 милиони повеќе. Сепак, на крајот може да дојде до договор, но има еден услов, а тој е поврзан со Баерн Минхен.

Имено, Баерн Минхен е заинтересиран за играчот за врска на Еспањол Марк Рока. Ако „Баварците“ успеат да го земат Рока, тогаш Еспањол експресно се врти кон Барди.

Засега Еспањол оддолева на понудите од германскиот тим, и бара да извлече што повеќе пари. Така штом дојде до трансфер, Барди би можел да се подготвува за селидба во Барселона.