Лион и Бетис се договорија за трансфер, но Набил Фекир кажа СТОП! Трансферот на францускиот напаѓач во клубот од Севиља е „замрзнат“ затоа што фудбалерот не сака да оди во клубот кој минатата сезона заврши на 10-тата позиција во Ла Лига.

Лион прифати 25 милиони евра за фудбалерот чиј договор истекува идното лето. Бетис му понудил на Фекир договор на пет години и годишна плата од 6 милиони евра, а дури се согласил да го донесат и неговиот помлад брат Јасин Фекир.

Но Набил го стопирал трансферот со образложение дека сака да игра за подобар клуб од Бетис. Лион очекува понуди од Валенсија и од Севиља за него, но нема многу клубови кои се заинтересирани за освојувачот на Светското првенство со Франција.

Ливерпул минатото лето го сакаше, но Лион постави висока сума која „Црвените“ не ја прифатија.