Нема веќе дилеми, Елиф Елмас во наредните пет години ќе го носи дресот на Наполи.

Тој во понеделник лета за Рим, каде прво ќе се сретне со тренерот Карло Анчелоти и своите соиграчи кои се во кампот Димаро на подготовки, за да потоа во Неапол и биде претставен на јавноста како ново име во еден од најголемите клубови во Италија.

Како што пишуваат медиумите во Турција, „дијамантот“  веќе си ги спакувал куферите во фигуративна смисла и им кажал збогум на сите во Фенетбахче, секако и на своите пријатели во Истанбул.