Британскиот пливач Адам Пити е првиот човек во историјата кој успеал да исплива 100 метри градно под 57 секунди. Поточно, во трката на СП во Јужна Кореја, тој исплива со време 56.88 секунди во полуфиналната трка.

Британецот истовремено го урна и сопствениот рекорд (57.10). Пити е олимписки првак, кој е непоразен во последните пет години на големите натпреварувања.