Шкендија во вторник, во првиот меч од 2.квалификациско коло во ЛЕ, го дочекува тимот на Дуделанж. Секако дека се очекува македонскиот првак да ја мине оваа пречка, но треба да се биде максимално внимателен, посебно ако се знае што се случуваше на последниот дуел со Номе Калју.

Треба да се биде внимателен и поради традицијата која Шкендија ја има во Европа во последно време. Звучи неверојатно, но Арената во Скопје како да станува малер.

Тетовскиот тим е поразен на последните три меча во Скопје и тоа од Салцбург, Розенборг и Номе Калју. И на сите овие три меча тетовци успеале да постигнат само еден гол, и тоа од пенал, оној на Агим Ибраими во вторникот.

По трите порази во серија, можеби Шкендија конечно ќе успее да ги израдува своите фанови со победа над Дуделанж.