Арсенал запиша убедлив триумф против Фиорентина од 3-0 во пријателски меч во рамките на подготовките за новата сезона. По само 15. минути игра Нкетијах погоди за 1-0, истиот фудбалер во 65. минута зголеми на 2-0, додека конечните 3-0 ги постави Вилок во 89. минута.

Баерн славеше убедлива победа против Реал Мадрид од 3-1 во меч кој се одигра во Хјустон.

Првото полувреме донесе еден гол во мрежата на „кралевите“, во 15. минута Толисо го отвори мечот (1-0). Името на победникот беше решен во 67. и 69. минута со голот на Левандовски и Гнабери. Единствениот погодок за Реал го постигна Родрига.