Според Мундо Депортиво, Баерн Минхен го понудил Давид Алаба на Барселона и на Манчестер Сити, со оглед на тоа дека во редовите на овие клубови има играчи во нападот за кои е заинтересиран.

Германскиот првак, кој се уште не може да најде замена за Франк Рибери и Ариен Робен, го сакаат Лирој Сане од редовите на „граѓаните“, односно Осман Дембеле од Барселона.

Двајцата играчи имаат искуство со играње во Бундеслигата, па поради тоа Баерн смета дека тие се вистинските играчи за него. Сане беше челн на Шалке, додека Дембеле настапуваше за Борусија Дортмунд.

Баерн во трансфер периодот успеја да ангажира неколку одбранбени играчи, но и натаму го чека првото засилување во офанзивата.