Попладнево во Маврово, во нефицијален пријателски натпревар, кој повеќе беше тренинг дуел зошто се играше 2Х30 минути, Тиквеш загуби од Кораби со 3:2. Тоа беше можност за тренерот на кавадарчани Љупчо Димитковски да ја провери формата на оние играчи кои во изминатите пријателски мечеви добиваа помала минутажа. Инаку Тиквеш продолжува со подготовките во Маврово, следен ривал ќе биде екипата на Ренова, меч кој се игра на 24 јули.