Иако Атлетико Мадрид го оспорува трансферот и бара од шпанскиот фудбалски сојуз на Гризман во Барселона, фудбалерот истакнал дека бил пресреќен кога се’ се завршило на посакуваниот начин, и дека плачел од среќа.

„Му се јавив на моето семејство да му кажам колку сум среќен што, конечно, завршија сите формалности. Плачев од среќа“, истакнал Гризман.

Атлетико бара од Барселона исплата од уште 80 милиони евра за Французинот. Но, од Барселона ја платиле клаузулата која изнесувала 120 милиони од 1 јули. Сепак, тимот од Мадрид смета дека трансферот бил договорен претходно, кога клаузулата била 200 милиони.