Динамо Загреб заврши уште една добра работа кога станува преодниот рок. Хрватскиот првак од Монпелје ќе добие девет милиони евра за голманот Доминик Ливаковиќ.

Но, иако е се договорено, сепак Ливаковиќ и натаму не тргна на пат кон Франција поради една бизарна причина. Главниот „виновник“ е резервниот голман на Динамо Загреб, Данијел Загорац, кој се здоби со повреда на подготовките, станува збор за удар во гениталиите.

Според првичните прогнози тој ќе мора да биде надвор од терените десетина дена, хрватскиот тим го чека меч од Лигата на шампионите па Ливаковиќ ќе мора уште малку да остане во Загреб.