Аријан Адеми влезе во друштвото на најтрофејните играчи на Динамо Загреб, со 16 освоени пехари во дресот на „модрите“. Македонскиот репрезентативец во ова друштво е заедно со Михаел Микиќ и Томислав Бутина, кои исто така ги примија наградите.

Ако остане во Динамо, Адеми може да ги престигне овие двајца на листата најтрофеен во клубот, со оглед дека Микиќ и Бутина веќе се пензионирани.