Тежок период го чека српскиот легендарен фудбалер и стратег Синиша Михајловиќ, кој води борба за живот со леукемија на коскената срж.

Михајловиќ добива поддршка од сите страни, но најважната е онаа од семејството, односно сопругата и ќерката. Неговата ќерка Верџинија постојано му праќа пораки со поддршка во болницата во Болоња, каде се наоѓа на лечење.

На една од нив тој и одговори „Ти си мојата сила!“