Баш така, завршија македонските маки на Европското првенство Б Дивизија. Онаа иднина на која треба еден ден да ги замени Војдан, Дамјан…и останатите репрезентативци заврши на 16. место во второлигашката европска конкуренција.

Избраниците на селекторот Дарко Радуловиќ во оваа „авантура“ беа подобри само од Луксембруг, на останатите средби покажаа дека во Македонија кошарката е на дното…потребни се светлосни години за да бидеме барем две скалила подобри.

Словачка е последната репрезентација која ни зеде мерка, по вторпат на ова натпреварување, со оглед на резултатот во групната фаза, јасно беше дека денеска не чека истото сценарио, убедлив пораз, сега од 87-52.

Македонија во ниу еден момент не беше рамноправен противник, гледајќи според текот на сите периоди.