Тотенхем го совлада Јувентус со 3:2 во пријателски меч во рамките на Интернконтиненталниот куп на шампионите одигран на „Националниот стадион“ во Сингапур. Тотенхем поведе со голот на Ламела, Јувентус во второто полувреме со два брзи гола на Игуаин и Роналдо го сврте резултатот, но до крајот повторно лондончани „летаа“ на теренот. Лукас Моура изедначи, а Хари Кејн во 93 минута шутна од пола терен и го совлада голманот Шчесни. Погледнете…