Екипата на Кит Го денеска попладне во Македонска Каменица, одигра 1:1 во пријателски натпревар со домашниот состав на Саса. Стрелец на голот на тимот од Пехчево беше Бошко Ступиќ. Според извештаите од таборот на Кит Го, составот на Емил Грнев имал целосна доминација на теренот во текот на поголемиот дел од средбата, повеќе шанси. Инаку ова беше прв пријателски меч за тимот од Пехчево кој и во следната сезона во Втората лига – Исток сака да игра важна улога.