Дефанзивецот Лоран Косиелни се враќа во Франција, а неговиот нов клуб е Рен. Французинот кој одигра преку 350 натпревари за Арсенал откако им се приклучи од Лориен во 2010 година, а од минатата година ја носеше и капитенската лента, одлучи да не го продолжува договорот со „топчиите“ и ќе игра за друг клуб.

Косиелни одби да отпатува со екипата на турнејата во САД за да со побара нов клуб. А покрај тоа што имаше понуди од Бордо, Лион и Рен, тој ја одбрал понудата на бретанскиот клуб. Тој ги договорил личните услови, па останале само клубовите да се договорат околу отштетата пред да биде комплетиран трансферот.

Арсенал е шокиран од одлуката на својот фудбалер кој има договор до 2019 година, но и не може да го задржи во своите редови.

Дури и Арсен Венгер, поранешниот тренер на Арсенал кој го донесе Косиелни на „Емирати“ е изненаден од ситуацијата.

„Не знам што му направија на Косиелни штом тој толку сака да си оди од „Емирати“. Тој беше среќен во Арсенал, а сега сака да си оди. Не знам во што е работата“, вели Венгер.