Во Франција во тек е популарната велосипедска трка Тур де Франс, а денеска се возеше ридска етапа, една од најтешките и најпредизвикувачките етапи. Додека се искачуваше на Пиринеите, една од ѕвездите на Турот Петер Саган задоволи и еден свој навивач кој бараше автограм. Досека возеше, Саган ја зема книгата и пенкалото од навивачот и ја потпиша. Се за фановите, а тоа и не му е проблем на Саган кој на финишот покажа уште една вештина, возеше на нагорнина на едно тркало.