Вчера во тимот на Етникос свое деби имаше Јован Костовски. Новиот фудбалер на кипарскиот прволигаш постигна два од трите гола во победата на Етникос во дуелот со Аполон, кој неговиот тим го доби со 3:1.

Костовски пред две недели беше промовиран во тимот на Етникос, после шест години минати во Лувен. Новиот прволигаш покрај Костовски, во своите редови ги има и Бојан Маркоски како и голманот Мартин Богатинов.