Герет Бејл нема иднина во Реал Мадрид, па што побргу си најде друг клуб тоа подобро за него. Зинедин Зидан денеска со остри зборови, практично го пречкрта Велшанецот од својот список за играчи за новата сезона, а агентот на играчот е веќе растрчан по клубовите за да договори негов трансфер. Постојат неколку опции каде би можел да оди Бејл, а најфантастичната е од Кина. Имено, Пекинг Гуан е спремен да го направи Велшанецот најплатен фудбалер во историјата на Кина. Неофицијално на Бејл му нуди 500,000 евра неделна плата.

Но Велшанецот не е заинтересиран да игра во Кина, туку претпочитува некој клуб од Европа. А тука се четири опции. Едната е да се врати во Тотенхем, но клубот од Лондон не може да си ја дозволи платата на Велшанецот од 14.000.000 евра. Но таа сума може да си ја дозволи Манчестер Јунајтед кој одамна го сака велшкиот фудбалер во своите редови, па дури и пред тој да оди во Реал, но никако не успеваше да го донесе. Сега тоа изгледа како реална опција. Другата е да оди во Баерн каде што се ослободи место по крилните напаѓачки позиции по заминувањето на Рибери и Робен.

И Арсенал е исто така можно решение, но не изгледа реално дека Бејл ќе избере клуб кој не игра во Лигата на шампионите, ако тоа не е Јунајтед.

Ќе видиме што ќе се случи…