Слично како и ланската сезона и оваа многу работи ќе бидат различни на првиот собир на европскиот првак Вардар, закажан за 24 јули во Скопје. Првата разлика секако ја носи новиот стратег, Давид Писонеро, кој седнува на клупата на местото на Роберто Парондо. Но, се чини дека и овој Шпанец има исти амбиции како и Парондо пред него, кој пак, го следеше Раул Гонзалез.

„Сакам да играме на приближно исто високо ниво како и лани и да го повториме успехот од минатата сезона. Секако исто така сакам да подобриме некои работи во нашата игра“, отворено вели Давид Писонеро.

Неговиот прв тест на вардаровата клупа ќе биде настапот на ИХФ Супер Глоуб во Саудиска Арабија на крајот на август.

„Се надевам дека до тогаш ќе бидеме подготвени да се натпреваруваме на високо ниво и да дојдеме до првата титула во новата сезона. Тоа би бил фантастичен почеток на новиот предизвик“, заклучува Шпанецот.