На „романтичарите“ им оди на меѓународните натпревари. Убава игра и победа на Работнички на првата контрола во Банско против Хапоел Нир Рамат Хашарон со 1:0. Стрелец на победничкиот гол бил Марио Станковски на асистенција на Јаго. Притоа „романтичарите“ имале и шанси преку Фазлиу, Тошевски, Клисура, Лука Станковски, но сепак конечниот резултат бил 1:0. Ова беше вкупно четврта пријателска средба на тимот на Александар Влахо ова лето, а прва во Банско. Инаку ова е и прва победа на Влахо како тренер на Работнички.