Гостивар, еден од најголемите претенденти за врвот на табелата следната сезона во Втората лига – Запад, денеска во пријателски меч со 5:1 просто го „растури“ составот на Вардар Форино. Инаку Вардар следната сезона како новајлија ќе се натпреварува во втората западна конкуренција. Додека во Охрид, на стадионот СРЦ „Билјанини Извори“, тимот на Лабуништа со 1:2 загуби од Трајал од Крушевац, екипа која се натпреварува во Втората лига на Србија и екипа која и лани се подготвуваше во Македонија, во Пехчево.