Пред само неколку дена, навивачите на Хадерсфилд беа бесни на социјалните медиуми кога клубот гo обелодени дресот zа следната сезона.

Класичните сини и бели линии останаа во втор план, откако на дресот доминираше косата лента со името на спонзорот. Навивачите беа лути, но и ФА излезе со реакција, потврдувајќи дека „Областа за спонзорот не смее да надмине 250 см2  на предниот дел од дресот“.


Просторот за “Paddy Power” беше дефинитивно поширок, но со овие дресови играчите на Хадерсфилд се појавија на теренот за пријателскиот натпревар против Рочдејл.

Сега, само неколку дена подоцна, сепак, клубот ја објасни вистинската причина за оние дресови кои сигурно нема да се носат следната сезона: „Сето тоа беше само добра маркетинг кампања со нашиот спонзор. Да, тоа беше само за еден меч и мислам дека сите се задоволни. Еве ги нашите вистински дресови за следната сезона“, објавија од клубот.