Регионалната СЕХА лига, откако и официјално ги потврди сите учесници за новата, деветта сезона, го стартуваше и претставувањето на клубовите, а секако дека прв е Вардар.

„Црвено-црните“ се бранители на трофејот, но и рекордери со освоени пет СЕХА титули. Во новата сезона европскиот, регионалниот и македонскиот првак ќе го предводи нов шпански стратег, Давид Писонеро.

Писонеро премиерно ќе биде дел од регионалното натпреварување, а СЕХА го чекираше и го одобри неговото присуство.