Украинецот Александар Шевелев е последното засилување за вториот македонски претставник во Лигата на шампионите и СЕХА лигата, Еурофарм Работник.

Шевелев треба да ја засили пикерската позиција и е играч корисен во двата правци, а неговата големина (200 см, 115кг) ќе биде и тоа како значајна на линијата.

Украинецот му бил соиграч на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров во редовите на Суидад Реал, а настапувал за Динамо Минск, Мотор Запорожје, додека во Битола доаѓа од тимот Донбас.

Тој е уште едно искусно освежување во долгата листа во редовите на „фармацевтите“ кои ги чека и тоа како напорна сезона.