Еден од клучните дефанзивци на Атлетико Мадрид Филипе Луис по завршувањето на сезоната е слободен играч, а денеска објави каде ќе ја продолжи кариерата после долгогодишната авантура со „јорганџиите“. Бразилскиот репрезентативец денеска се збогува со Атлетико Мадрид, а потврди дека се враќа во татковината и ќе игра за клубот за кој навива од дете – Фламенго.

Oд дете сум навивач на Фламенго. Не е лесено да се разделам од Атлетико Мадрид, но сакам кариерата да ја завршам во Бразил“, изјави Луис.

Бразилецот во 2010 година првпат дојде во Атлетико, во 2014 година премина во Челси но една година подоцна се врати во Атлетико. Претходно ги бранеше боите на Депортиво Ла Коруња, Ајакс, а во Бразил играше за Фигуеренсе.