Легендарниот НБА кошаркар Шекил О’Нил е голем обожавател на техно музика, па беше забележан како одлично се забавува на фестивал на електронска музика во Белгија.

Шекил, исто така настапи на овој фестивал, со оглед на тоа дека откако престана професионално да игра кошарка стана ди-џеј и настапува под името ДЈ Дизел.

Тој во едно интервју потврди дека тоа го потсетува на времето кога бил кошаркар.

„Кога сум на бина пред 50 илјади обожаватели се чувствувам повторно како да играм натпревар во финале во НБА лига“, изјави О’Нил.