Во миговите кога Елиф Елмас во секој момент треба да го стави потписот со Наполи, откако двете страни се договорија за отштета од 16 милиони евра. Елмас може и во текот на денешниот ден да биде промовиран во италијанскиот клуб, а фудбалските аналитичари веќе прават анализи и очекувања од потпиост на македонскиот репрезентативец во Италија.

„Во миговите кога Наполи во овој преоден рок се сврте кон засилување во одбраната со ангажманот на Манолас и на голанот Оспина, се реши да го освежи и средниот ред со ангажманот на Елмас. Иако се шпекулираше со името на Џејмс Родригез, сепак, Де Лаурентис се откажа од него. Веројатно најголемата способност на Елмас е да ја украде топката и ја донесе до противничкиот гол. Има одлична техника и контрола на топката. Има само 19 години, и тоа е иднината на тимот. Процентот на додавања му е 84%. За разлика од некои млади играчи, тој не се плаши да оди напред и премногу е самоуверен.

Единствен недостаток му е физичката конституција, и треба повеќе да се посвети на фитнесот, за да ги задоволи критериумите за Серија „А“.

Во секој случај секако ќе биде вреден дијамант за Наполи“, пишува „Football Italia“.