Ракометарите на Еурофарм Работник попладнево ги започнаа подготовките за историската сезона, во која битолскиот тим предводен од Стевче Алушовски ќе го гледаме премиерно и во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата.

Новата сезона Алушовски ја започнува со една поинаква екипа, со оглед на тоа дека дури седум нови имиња има меѓу „фармацевтите“, репрезентативците Никола Митревски, Велко Марковски и Бојан Маџовски, како и странците Александар Шевелев, Ловро Јотиќ, Марин Вегар и Анже Ратајац.

Првиот собир момците го имаа во Битола, во својата база, додека од утре се во Маврово, каде ќе го одработат главниот дел од подготовките, а потоа следуваат настапите на двата подготвителни турнири во Струга и во Добој.