Кошаркарот на Вашингтон Визардс, Бредли Бил, е најновиот играч кој се откажа од селекцијата на САД која ќе настапи на светското првенство во Кина.

Бил денеска објави дека нема да игра за Американците поради тоа што го очекува своето прво дете кон крајот на следниот месец.

Бил им се придружи на суперѕвездите како Џејмс Харден, Ентони Дејвис, Си Џеј Меколум и Ерик Гордон, кои првобитно потврдија, па потоа го откажаа својот настап на Мундобаскетот.

Тимот кој во Кина ќе биде предводен од Грег Попович ќе биде сериозно ослабен, но и натаму ќе има одличен избор на кошаркари кои се уште се на листата на патници за Кина.