Европскиот, регионалниот и македонскиот првак Вардар в среда, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе ги започне подготовките за новата сезона, а луд е распоредот кој го добија за настапот на единствениот подготвителен турнир летово.

„Црвено-црните“ ќе бидат дел од вториот меѓународен ракометен турнир во Требиње (9-11 август), каде за околу седум часа треба да одиграат два натпревари. Познат е комплетниот изглед и распоредот на турнирот, кој вели дека Вардар ќе биде дел од групата А заедно со Борац и домаќинот Леотар. Првиот натпревар Вардар го игра на 9 август (петок) против Борац во 15 часот, а истиот ден од 21 часот ќе се соочи и со Леотар.

На вториот ден од турнирот, Вардар е слободен, додека на 11 август ќе игра натпревар за пласман или пак, финале, доколку слави на двата натпревари во групната фаза. Во групата Б, пак, играат Металопластика, Изола и Извиѓач.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

1.ДЕН (09.08.2019)

15:00ч. Вардар – Борац

18:00ч.            Металопластика – Изола

20:30ч.            Свечено отворање

21:00ч.            Вардар – Леотар

2.ДЕН (10.08.2019)

15:00ч.            Металопластика – Извиѓач

18:00ч.            Борац – Леотар

21:00ч.            Изола – Извиѓач

3.ДЕН (11.08.2019)

13:00ч.            меч за 5. Место

15:00ч.            меч за 3. Место

17:00ч.            финале