Еден од најсериозните кандидати за добивање на Златната топка е стоперот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк. Тој рече дека е време некој од одбраната да го добие ова признание.

„Време е за промени за доделување на оваа награда. Јас знам дека најлесно е на напаѓач да се додели, затоа што поубаво е да се види акција за постигнување на гол. Чест ми е за луѓето што зборуваат дека сум најголем кандидат за добивање на ова признание. Немам влијание на изборот, туку само се фокусирам кон следната сезона“, рече Ван Дајк.