Македонската репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година ќе игра во групата Б, заедно со еден од домаќините Италија, како и со Естонија и Русија.

Јасно е дека патот нема да биде едноставен, за противник го има некогашениот повеќратен европски првак, Русија, како и Естонија која покажа дека е незгоден противник во оние претквалификации за СП 2019 кога не совлада на домашен терен.

„Уф, групата ни малку не е лесна“, беше првиот коментар на капитенот Војдан Стојановски за „Спортмедиа“.

„По овие тешки години имаме шанса да се вратиме на Европските првенства, не треба дополнително да кажам колкав е нашиот мотив. Знаеме дека само со добра и сериозна подготовка можеме да успееме да го направиме последниот чекор. Мора да веруваме со себе, видовме дека сите играат кошарка без разлика од која земја доаѓаат. Русија е повеќекратен шампион и тука нема дилеми за нивниот квалитет, со Естонија имавме средба во претквалификациите, поразот не сме го заборавиле, но поуките мора да ги извлече. На крајот Италија е домаќин на ова ЕП, без разлика што нивното место е загарантирано, тие ќе сакаат уште во овие квалификации да се докажат.

Мора да веруваме во себе, во она што го градевме додека минувавме низ оној тежок пат. Заслужуваме да бидеме дел од следното Европско првенство“.