И додека квалификациската група (Италија, Естонија и Русија) за место на Европското првенство 2021 година за голем дел изгледа тешка и страшна, потребната надеж дека Македонија може да избори место доаѓа од вистинското место.

Јорданчо Давитков, селекторот кој се нафати да застане на „кормилото“ на нашиот најдобар национален тим кога беше најтешко со голема верба гледа кон континенталното натпреварување.

„Сто посто сум сигурен дека ќе играме на Европското првенство 2021 година“, без двоумење рече Давитков за „СПОРТМЕДИА“.

Веднаш го запрашавме зошто е 100% сигурен…

„Гледам многумина се навараќаат на онаа средба со Естонија во претквалификациите за СП кога не победи во Скопје. Не треба да се заборавиме дека Македонија не беше ниту 30% од она што е сега, реално доколку настапиме со составот од последните циклуси не гледам никаков проблем, глупаво ќе биде да ја пропуштиме оваа шанса.

Сигурен сум дека на Естонците ќе им се реваншираме и на двете средби, и на тој начин ќе обезбедиме едно од двете места што преостануваат во нашата групата, бидејќи Италија е еден од домаќините и веќе е пласирана на ЕП. Што се однесува до Русија не знаеме со каков состав ќе настапат“, додава Давитков.

Македонија има одличен распоред во квалификациите, ги отвара на домашен терен против Естонија и ги затвора исто на свој терен против Италија. Повеќе детали околу распоредот прочитајте на овој ЛИНК.