Еспањол веројатно нема да испрати понуда до Леванте за купување на фудбалерот од средниот ред Енис Барди. Иако беше опција, сепак, тоа ќе беше можно доколку тимот од Барселона го продаде својот најдобар играч Марк Рока на Баерн Минхен. Откако е познато дека тоа тешко ќе се случи, јасно е дека Еспањол ако успее да го задржи Рока, тогаш нема да го купува Барди.

Инаку за сѐ е виновен верувале или не Ренато Санчез. „Баварците“ сакале да купат негова замена, односно како опција повеќе во средниот ред. Така што Санчез најави заминување, Баерн се сврте кон Рока. Меѓутоа викендов работите се сменија, Португалецот се премисли и вели дека ќе се докажува во тимот на Баерн. Со тоа Баерн се откажува од Рока, а Еспањол од Барди.

Инаку, шансите да се смени нешто се големи, со оглед дека доколку дојде некоја добра понуда за незадоволниот Санчез, Баерн сигурно ќе ја прифати.