Само еден ден откако Зинедин Зидан истакна дека заминувањето на Герет Бејл од Реал Мадрид би било добро за сите, Интер се вклучи во трката за Велшанецот кој дефинитивно заминува од тимот на „кралевите“.

Како што пишува „Газета дело Спорт“, Бејл во Интер ќе го замени Иван Перишиќ кој во следните неколку дена ќе замине од Милано, откако тренерот Антонио Конте истакна дека нема да смета на него во следната сезона.

Бејл има добра понуда и од Кина, но секако дека попрво би избрал да остане во Европа.