Уште еден противник на Вардар во групната фаза во новата сезона од Лигата на шампионите тргна со подготовките.

Откако завршија со задолжителните лекарски прегледи ракометарите на Веспрем предводени од Давид Дејвис од денеска и официјално ја почнаа мисијата за исполнување на главните цели, секако на прво место е освојување на тронот во Европа, она што не успеаја да го направат на последниот ф4 во Келн, на патот им застана македонскиот првак.

Во Веспрем пристигна Вуко Борозан, екс-вардарецот, а се чека подоцна да се приклучи и Рожерио Мораес, кој пак има обврски со националниот тим, Бразил учествува на Пан-Американските игри. Од некогашните ракометари на „црвено-црните“ тука се и Арпад Штербик и Дејан Манасков, на тимот им се приклучи и Марија Лојаница.