Манчестер Сити очигледно не остави добар впечаток при престојот во Кина. Најголемата државна новинска агенција во оваа земја го нарече англискиот шампион „арогантен и нетолерантен“.

Како што објавија и британските весници, Кинезите се лути на Манчестер Сити поради тоа што не им обрнале доволно внимание на кинеските фанови на тимот. Новинската агенција испратила и протесно писмо до клубот, кој се однесувал само како случаен пропатник во Кина, место да им се посвети на илјадниците фанови кои дошле да ги гледаат и да ги поздрават.

„За шампионот во Премиер лигата ова гостување во Кина очигледно не беше ништо повеќе од само маркетинг и комерцијален туризам. Недостигот на ентузијазам и рамнодушен третман кон своите фанови едноставно ги разочараа навивачите на клубот“, се вели во соопштението. Од Сити засега немаат официјален коментар.