Македонската кошаркарска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за место на Европското првенство 2021 година. На патот кон континенталното натпреварување стојат селекциите на Италија, Русија и Естонија.

 

Првиот квалификациски прозорец ќе се одигра во февруари 2020 година, вториот во ноември истата година, а последниот во февруари 2021 година.

Првите три тима од секоја група, со исклучок на организаторите, ќе се квалификуваат на Евробаскет 2021. Од групите каде ќе бидат сместени организаторите ќе се пласираат две репрезентации.

Македонија последен пат на ЕП учествуваше во 2015 година во Загреб во Хрвтска. Од овој момент па наваму постојано се мачиме низ претквалификации, но сега ќе имаме шанса да се вратиме на европската карта.